ЕВН отвора можност за плаќање на сметките преку интернет. Новата услуга е-пункт на ЕВН Македонија на корисниците им овозможува плаќање на фактурите за електрична енергија, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.
-Со оваа услуга брзо, лесно и сигурно ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, трошоците за нов или повторен приклучок, како и други долгови, без никаква провизија. Корисниците кои имаат повеќе броила, може да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место. Услугата е наменета за физички лица- соопштуваат од ЕВН
За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.evn.mk потребно е да се внесе корисничкиот број, бројот на фактурата за електрична енергија и електронската пошта на корисникот. Понатаму, при секоја регистрација, корисникот ќе добива детален увид во сите трошоци, во секое време од денот. Со е-пункт, корисниците имаат можност да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на фактурите.
Од ЕВН Македонија велат дека оваа услуга е наменета и за оние кои често патуваат, но и за оние кои досега имаа навика да плаќаат со кредитни картички во наплатните места на ЕВН Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.