| четврток, 6 декември 2018 |

Иран: Масовна прослава на заземањето на Амбасадата на САД

iranНеколку илјади Иранци ја одбележаа 34-годишнината од преземањето на американската амбасада во Техеран, извикувајќи „Смрт на Америка“ и „Смрт на Израел“.
Демонстрантите во Техеран носеа кукла со ликот на американскиот претседател Барак Обама и запалија американски и израелски знамиња.
iran napad nad ambasadaВакви протести секоја година се одржуваат пред зградата на поранешната амбасада, со што се прославува годишнината од нејзиното преземање во 1979 година, девет месеци по започнувањето на Исламската револуција. Тогаш 52 дипломати беа држени 444 дена како заложници и ослободени дури во јануари 1981 година.
Овој случај доведе до прекин на дипломатските односи меѓу двете земји.
Денешниот собир е најмасовниот во последните години. Тоа се должи на повиците за масовно учество од страна на конзервативни групи, и покрај сигналите за мир со Западот, испратени од новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top