Македонскиот рапер реши конечно да го реши проблемот кој го има со години. Тони Зен во последната епизода на шоуто „Еден на еден“ откри дека после Нова година ќе го оперира едното колено и некое време ќе мирува.
Тој на Жаре му отрки дека повредата му е дамнешна и дека ако не се случела, веројатно сега би биле колеги со Перо Антиќ во НБА… или барем би му подавал крпи за бришење, се пошегува тој.
Повредата на коленото Тони ја добил уште во средношколските денови, а сега, конечно, ќе легне на операционата маса и ќе им дозволи на докторите да го отворат и да му го решат проблемот.
Целото гостување на Тони Зен и Катарина Ивановска во „Еден на еден“ наскоро ќе биде достапно на „Јутјуб“ на каналот на емисијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.