Пејачот Џастин Тимберлејк е подеднакво популарен и како музичар, а и како глумец, но тој вели дека никогаш не бил роб на сопствениот успех, а ниту ќе биде некогаш.
– Многу време поминувам со својата фамилија. Многу ѕвезди стануваат робови на славата, мислат дека кога еднаш ќе го дофатат врвот, таму мораат да останат, се борат за тоа и забораваат да уживаат во животот. Јас нема да подлегнам на таквиот притисок. Најважно е да се запрашате „Зошто го работам ова?“ ако вашиот одговор е дека луѓето го очекуваат тоа од вас, тогаш имате проблем, но доколку го работите бидејќи го сакате тоа, тогаш се е во ред – рече Џастин.
Џастин додаде дека знае дека се пишува сешто за неговиот брак со Џесика Бил, но тие двајца никогаш не ги читаат тие вести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


