
Перо Антиќ и неговиот клуб Атланта Хоукс го доживеаја вториот пораз во третиот натпревар сезонава, овој пат на гостувањето во Лос Анџелес. „Езерџиите“ го добија натпреварот буквално во последните секунди, а Атланта не успеа за шест секунди да се избори за продолжение или евентуално за победа.
На 35 секунди пред крајот натпреварот беше израмнет 103-103, а во последниот напад Гасол најпрво промаши, но по офанзивниот скок на Хил, Милсап направи лична грешка, па Гасол се најде на линијата за слободни фрлања од каде што не пропушти да му донесе победа на својот клуб. Во последните шест секунди од натпреварот тренерот го внесе во игра и Перо Антиќ, но „јастребите“ не успеаја да шутнат на противничкиот кош.
Во текот на натпреварот Антиќ одигра вкупно 7 минути и постигна два поена. Промаши еден обид за тројка и имаше четири скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


