| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска сончево, од утре облаци и дожд

esen-m

Денес во Македонија ќе преовладува сончево, претежно стабилно и суво време со магла по одделни котлини и речните долини, а во крајниот северозападен дел ќе има услови за зголемување на облачноста и за краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 16 до 23 степени. Во Скопје и околината ќе биде сончево со умерена облачност и температура до 18 степени.

Поголемо зголемување на облачноста ќе има во вторник кога се очекуваат и локални врнежи од дожд на повеќе места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top