| четврток, 6 декември 2018 |

По два дена потрага, пронајдено 15-годишното девојче од Лешани

15-годишната Маја Блажевска од охридско Лешани, која два дена се водеше како исзезната е пронајдена во Скопје, јавуваат локалните охридски медиуми.

„Како што сме информирани, девојчето се враќа дома во придружба на својот татко. Инаку 15-годишната ученичка во средно училиште во Охрид, пред два дена заминала за Скопје, а вчера во охридската полиција таа била пријавенa за исчезната. Случајот денеска доби среќна завршница, пишува порталот Охрид Њуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top