Доцна попладнево, околу 17 часот и 15 минути изгореа пет пластични бараки до Зелениот пазар во Тетово, информираше СВР Тетово Маријан Јосифовски.
Во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила на Тетовската територијална противпожарна единица и во моментов пожарот е ставен под контрола.
Полицијата го обезбедува местото по што се очекува подоцна да започне и увидот за причините за пожарот.
Според првичните информации, едно лице е повредено кога се обидело да влезе во еден од објектите и да го гаси пожарот.
Во два објекти имало чајџилница и ќебапчилница, додека другите три не биле отворени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.