| четврток, 6 декември 2018 |

Кина влегува на голема врата во бизнисот со оружје

Од моментот кога пред две години Турција најави планови да купи систем за одбрана од ракети со долг домет, излезе дека договорот вреден повеќе милијарди долари од клучната НАТО членка ќе значи дека американските компании ќе го загубат, објави „Сител“.

Со години, турската војска се потпираше на набавката Патриот ракетите на НАТО, произведени од американските компании Рајтеон и Локид Мартин, за да го одбрани своето небо, а системот беше сосема компатибилен со платформите за воздушна одбрана со кои оперираат другите членки на алијансата.

Имаше и други конкуренти за оваа зделка, се разбира. Ривалските конкуренти од Русија и Европа исто така дадоа свои понуди. Турција ги одби – но не во корист на американските компании. Од минатомесечниот избор на малку познатата кинеска компанија за одбранбено оружје, Чајна пресижн машинери експорт-импорт корпорејшн, беа изненадени сите во воено индустрискиот комплекс во Вашингтон и Брисел.

Продажбата беше невообичаено чудна затоа што кинескиот ракетен одбранбен систем, познат како HQ-9,, ќе биде тешко да се интегрира со постоечката НАТО опрема. Чајна пресижн е исто така предмет на санкции од САД заради продажба на технологии за кои САД велат дека ќе им помогнат на Иран, Сирија и на Северна Кореја да развијат свое неконвенционално оружје. Портпарол на Стејт департментот во октомври изјави дека американските власти изразиле „сериозна загриженост“ до турската влада заради зделката, која се уште не е потпишана.

Извршни директори од оваа индустрија и аналитичари за продажба на оружје, велат дека кинезите најверојатно ги победиле своите поетаблирани ривали со значајно намалување на цената, и го понудиле својот систем за три милијарди долари. Покрај ова, турскиот избор на кинескиот од државата поседуван производител е пробив за Кина, нација која си постави задача да оди напред во синџирот вредности во воената технологија, и да се етаблира како кредибилен конкурент на светскиот пазар за оружје.

„Ова е многу значајна победа за кинеската воена индустрија“, рече Питер Веземан, висок истражувач во Меѓународниот институт за истражување на мирот од Стокхолм, кој ја следи продажбата на оружјето и трансферите.

Во минатото, кинеските компании воглавно беа познати како добавувачи на мало оружје, но тоа брзо се менува. Од дронови до фрегати и авиони ловци, кинеските компании агресивно ја туркаат продажбата во странство на високотехнолошка опрема, воглавно во светот во развој. Руските компании го чувствуваат најголемиот притисок, но американците и другите западни компании исто така се почесто трчаат зад кинезите.

„Кина ќе ни биде конкурентна во многу, многу домени, воедно и во високите технологии“, вели Марван Лахуд, шеф за стратегии и маркетинг во Јуропиан аеронаутик дефенс енд спејс, најголемата европска компанија за авиони. „Од 100 тендери, односно од корецијалните шанси колку што ги имаме пред нас, кинезите се помеѓу конкурентите во три од четири тендери. Имаат цел спектар капацитети, и тоа го нудат“.

Од Институтот од Стокхолм годинава објавија извештај за глобалниот трансфер на оружја во кој голем дел е извозот на кинеско конвенционално оружје – кое вклучува најсофистицирани летала, ракети, бродови и артилерија – и тоа претставува пораст од 162 проценти во периодот помеѓу 2008 и 2012 година, во споредба со претходните пет години. Пакистан е водечки купувач. Од институтот проценуваат дека во моментов Кина е петиот најголем извозник на оружја во светот, и е пред Велика Британија. Од 2003 до 2007, Кина беше на осмото место.

Продажбата на кинеско оружје во странство исто така расте во нивната доларска вредност. Според Џејн ИСХ, консултантска и аналитичка компанија за оваа индустрија, кинескиот извоз скоро се удвоил во изминатите пет години на скоро 2,2 милијарди долари, со што ги надмина Канада и Шведска, а исто така Кина стана осмиот во светот најголем извозник на оружје според вредноста.

Вкупната вредност на трговијата со оружје во светот во 2012 година беше проценета на 73,5 милијарди долари, а САД имаа 39 проценти удел во тој колач, велат од Џејн ИСХ.

Ксу Гуангју, пензиониран мајор генерал од Народната ослободителна армија и директор на асоцијацијата Чајна армс контрол и дисармамент, во интервју изјави дека притисокот од кинеските компании за развој и продажба на високотехнолошко оружје било „многу нормален феномен“.

„Во производството на оружје, Кина се обидува да го зголеми квалитетот и да ја намали цената“, рече тој. „Ние сме водени од конкуренцијата“.

Ксу рече дека покрај цените, кинеските компании имаат и друга предност: тие немаат „барања до владите“ за специјален статус и во внатрешните политики. Тој додаде: „Нашата политика на непролиферување тука целосно ја спроведуваме. Кој и да е во владата, кој и да има дипломатски статус со нас, со нив можеме да разговараме за продажба на оружја“.

Кинеските власти знаат дека постепеното навлегување на Кина на пазарите на кои досега доминраа западњаците, ја подигнува загриженоста. Кога беше запрашан за продажбата на ракетниот одбранбен систем на Турција, портпаролката на кинескиот министер за надворешни работи рече: „Воениот извоз на Кина не му штети на мирот, безбедноста и стабилноста“, и дека тие „не се мешаат во внатрешните работи на земјата купувач“.

Најголемите кинески компании прозводители на оружје, сите во сопственост на државата, го одбија нашето барање за интервју. Нивните финансирања се непознати, иако на веб страниците и во државните медиуми повремено се појавуваат извесни статистики.

Чајна Норт индастрис груп корпорејшн, или групацијата Норинко, на својата веб страна велат дека нивниот обрт во 2011 година бил 9,81 милијарди долари, или заработувачка од 1,6 милијади долари, што е пораст од 45 проценти во споредба со 2010 година. Нивниот приход во 2012 бил 361,6 милијарди долари, или заработувачка од 59 милијарди долари, или 53 проценти пораст во споредба со 2010 година. Друга компанија, Чајна саут индастрис груп корпорејшн, или ЦСГС, на својата веб страна објавуваат дека имале профит од околу 1 милијарда долари во 2011 година, или обрт од 45 милијарди долари, а двете ставки се огромен пораст во споредба со 2008 година.

Инвестиците на Кина се најсилни кај авионите ловци – и традиционалните и стелт верзиите – како и во областа на млазните мотори, каде Кина досега беше зависна од западните и руските партнери, вели Гај Андерсон, висок аналитичар на воената индустрија во Лондон за Џејн ИХС.

„Кина вложува милијарди долари во истражувања и развој“, вели тој. „Тие исто така имаат стратегија да ги користат придобивките кои ги добиваат од партнерствата со странство во корист на нивниот индустриски сектор. Затоа не би требало да имаат проблем да им се приближат на нивните западни конкуренти на среден рок, а дефинитивно на подолг рок“.

Тој проценува дека Кина е се уште една деценија далеку од конкуренцијата раме-до-раме со западните нации во самата технологија. Но кинеската опрема е пофетина и може да стане популарна кај растечките пазари, каде спаѓаат африканските и јужноамериканските држави.

„Се наоѓаме во добата на `доволно добро` – 90 проценти од решенијата кои ќе ја завршат работата по најдобрата можна цена“, вели Андерсон. „Во некои случаи, тоа можеби значи да купите комерцијална опрема, малку надоградете ја и бојадисајте ја каки“.

Меѓу новите потрошувачи на кинекска опрема е Аргентина, која во 2011 година потпиша зделка со кинеската компанија Авиокоптер да направи З-11 лиценцирани лесни хелокоптери. Масовното производство за арегентинската војска почна годинава и се очекуваат во следните неколку години да бидат направени 40 хеликоптери. Вредноста на договорот не е објавена.

Компаниите продаваат и дронови, кои се уште една фокална точка за кинеската воена индустрија, и се претставуваат на самите за оружје и авиони. На иложбата на авијацијата во Пекинг на крајот на септември, една кинеска компанија, Чајна ероспејс сајанс енд технолоџи корпорејшн, изложи модел на ЦХ-4 дронот за набљудување и напади, и четири модели на ракети поставени до него.

Иако дронот беше „дизајниран за извоз“, рече еден претставник на компанијата, сеуште немало странски купувачи. Компанијата се уште била лиценцирана од владата да го продава авионот во странство. Тој додаде дека дронот сеуште не може да се споредува со некои странски модели, и дека моторот е произведен во странство, иако другите делови – вклучувајќи ги ракетите – се развиени во Кина.

Авиејшн индастри корпорејшн оф Чајна, или АВИК, изложи модел на Винг Лунг, најпознатиот извезуван кинески дрон, кој се продава за околу еден милион долари, што е помалку од сличните американски и израелски модели на дронови. Во текст во дневниот весник Пипл дејли беше објавено дека извозниот сертификат за Винг Лунг, или Птеродактил, бил одобрен во јуни 2009, и дека за првпат бил извезен во 2011 година.

На Париската авио изложба во јуни, Ма Жипинг, претседателот на Чајна нешенел аеротехнолоџи импорт енд експорт корпорејшн, рече за Глобал Тајмс, уште еден државен весник во Кина, дека „само неколку земји“ купиле Винг Лунг, кој потсетува на американскиот Предатор. Клиентите биле од Африка и Азија, рече тој.

Два борбени ловци направени во кинеските компании внимателно се следат од аналитичарите во индустријата и од странски компании заради нивниот извозен потенцијал. Едниот е Шенгај еркрафт Ј-31, борбен ловец за кој кинеските власти велат дека има стелт можности. Пипл дејли минатиот месец објави дека Ј-31 го произведува Шенјанг, огранок на АВИК, и најмногу е наменет за извоз, цитирајќи интервју со Жанг Жаожонг, заднински адмирал во кинеската морнарица. Во март главниот дизајнер на авионот Сун Конг, за Пипл дејли изјави дека Ј-31 може да стане главниот кинески борбен ловец од следната генерација кои ќе полетува од носачи на авиони.

Другиот авион е ЈФ-17, помалку софистицирано летало за кое американски извори рекоа дека на него се работи скоро две децении во „вклучи-исклучи“ проект. Млазникот е заеднички продукт на пакистанскиот Аеронаутички комплекс и кинеската Ченгду Еркрафт индастри корпорејшн, исто така огранок на АВИК, но Кина ја завршила сета работа, вели официјално лице кое зборува под услов на анонимност заради тајновитоста која ги обвива воените проекти. Досега Пакистан е единственот клиент, а високиот претставник вели дека Пакистан донел „политичка одлука“ за да го купи.

Кина е најголемиот сојузник на Пакистан, и двете се потпираат една на друга во одбраната од Индија. Покрај ЈФ-17, двете држави имаат официјални договори за заедничко производство на фрегати, борбен тенк и за мал авион.

Висок претставник за одбрана од Јапонија, која е територијален ривал на Кина и внимателно ја следи трговијата со оружје, вели дека кинеските млазни авиони сепак имаат многу неодостатоци кои можат да им наштет во меѓународната продажба; најзабележително е што Кина нема сигурни мотори и авионска опрема, вели тој. Во ЈФ-17 се користи руски мотор.

„Мислам дека можат да направат неколку добри мотори во лабораториите, но не можат да ги направат и во фабрика, во масовно производство во фабрика, заради недостигот од контрола на квалитетот, а можеби и на искуството“, вели тој.

Тој додава и дека кинеските инженери се обидувале да развијат мотор, ВС-10, копија на руски модел, но дека имале некакви проблеми.

Не е невообичаено купувачите да ја поправат слабоста на кинеските производи со купување на кинески платформи и доопремувајќи ги со подобра западна опрема. Алжир минатата година купил три кинески корвети, но ги опреми бродовите со радарска и комуникациска опрема од Талес Недерланд, огранок на Талес груп со седиште во Франција. Тајланд склучил договор со Сааб груп, со седиште во Шведска, за да ги надгради кинеските фрегати, вели Бен Мурес, висок аналитичар од Џејн ИХС.

Годинава една кинеска компанија се натпреваруваше на тендер со странски конкуренти, меѓу кои и една американска компанија, за една милијарда долари вреден тајландски договор за поморски фрегати, но загуби од Даеву од Јужна Кореја,.

Додека Кина се движи напред да го фати чекорот со своите западни ривали, конкурирајќи не само со ниски цени туку и со компатибилна технологија, Хакан Буске, извршниот директор на Сааб, вели дека неговата компанија и другите може да се најдат под притисок да ги скусат средствата за истражувања и развој на пониски нивоа – тренд од кој корист може да имаат северноамериканските и европските влади, кои гледаат да скратат уште повеќе од своите и така намалени воени буџети.

„Мора да бидеме способни да развиеме што повеќе за помалку“, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top