Уште една куќа во Скопје мета на крадци. Викендов на улицата „Пекљане“ била извршена тешка кражба во куќата на скопјанецот З.Ј. каде засега непознат сторител влегол преку балконот, насилно ја отворил вратата, извршил пребарување и успеал да одземе златен накит, 2400 евра, 700 долари и 37.000 денари.
Полицијата презема мерки за фаќање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


