| четврток, 6 декември 2018 |

Во Непал одржан првиот избор за убавина на хомосексуалци

Со силни аплаузи од гледачите, осумнаесет момчиња голи до појасот со каубојски шешири на главите, виолетови сатенски вратоврски и припиени фармерки дефилираа на сцената во салата во Катманду следен од звуците на песната „Let’s Get It Started” на американскиот бенд Black Eyed Peas.

Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории, за титулата најубав (Mr. Handsome); за најсилна личност (Mr. Personality), за најсимпатичен (Mr. Friendly) и за учество во кампањи против СИДА-та (Mr. Red Ribbon) за што решаваше жири.

fe0c81ab-2c13-4b93-9fd8-61013ccbab90

За најубав е прогласен 24-годишниот Бисво Раџ Адикари, студент по социологија кој смета дека неговата победа на ова натпреварување „ќе претставува поттик за другите хомосексуалци кои не сакаат отворено да се изјаснат околу својата сексуалан ориентација”, изјави „мистерот” за AFP.

Непал, иако доста конзервативна хиндуистичка земја, сепак има закони кои се меѓу најлибералните во Азија кога станува збор за хомосексуалноста

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top