| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: мостот „Гемиџии“ во Велес следната година ќе биде целосно реконструиран

Мостот „Гемиџии“ во Велес следната година ќе биде целосно реконструиран, најави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Проектот за реконструкцијата, според Јанакиески, ќе биде завршен до крајот на годинава, по што ќе следи целосна реконструкција како дел од програмата на Јавното преторијатие за државни патишта.

– Мостот „Гемиџии“  во Велес е во една незавидна ситуација, за него се подготвува проект и ќе биде цеслоно реконструиран во текот на наредната година. Проектот треба да биде завршен до крајот на оваа година, по што ќе биде  дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта и ќе биде целосно реконструиран во текот на 2014 година, изјави Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања по учеството на политичката академија  за јакнење на капацитетите на локалната самоуправа во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top