| четврток, 6 декември 2018 |

Претепани малолетници на автобуска постојка во Ченто

Синоќа околу 20:00 часот во Скопје во населба Ченто, на игралиштето на последната автобуска постојка бр. 45, 5-6 маскирани лица, физички ги нападнале 15-годишник од Куманово, и уште двајца малолетници од Скопје, удирајќи ги со тупаници, клоци, како и со дрвени и метални предмети во пределот на главите и телата, објави „а1. он“

По нападот, повредените лица се пренесени во ГОБ-Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата од Гази Баба презема мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top