Токму 3D принтерите би можеле да се искористат за изработка на клучните делови на некои од идните мисии во вселената, а првиот 3D принтер би требало да се појави на Меѓународната вселенска станица веќе идната година.Екипата на НАСА е свесна дека во вселената би можеле да се случат различен вид хаварии, а можноста за создавање на потребните делови значително би ги подобрила шансите на екипажот.

Во соработка со Made In space Inc., НАСА планира да ги доврши тестирањата на „3-D Printing in Zero G Experiment”, што би бил првиот уред со кој би се произвеле делови во вселената.
НАСА се смета за светски лидер кога станува збор за 3D технологијата и инженерските апликации, а најмногу за тоа придонесува нивнот став дека технологијата има неверојатен потенцијал за иднината на истражувањето на вселената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


