За прв пат во историјата на руската железница во сообраќај е пуштен воз на кат на релацијата од Москва до Адлер (град на југот на Русија во близина на Сочи). Меѓу патниците имаше најмногу новинари и волонтери за Зимските олимписки игри 2014, но и родители со деца кои биле воодушевени од вагоните на катови, пишува весникот „Росијска газета – Кубањ. Северен Кавказ“. Според податоците на весникот, возовите на катови имаат пространи вагони, како и безжичен Интернет. Возот патува вкупно 25 часа и 19 минути. Се очекува во иднина патувањата на оваа релација да траат до 22 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


