| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезна Надежда Толоконикова, членка на панк групата „Пуси Риот“

Надежда Толоконикова, една од двете членови на панк група Пуси Риот која издржува казна затвор, поради навреди на црквата и владата, не е видена од 24 октомври, објави „Курир“. Надежда штрајкуваше со глад во затвор, а нејзиниот сопруг нема никакви вести за неа, бидејќи таа беше префрлена во друг затвор, а никој не знае во кој.

Таа со уште еден членка на нејзината група беа осудени на две години затвор, бидејќи пееја во катедралата во Москва песна каде ја молат Пресвета Богородица да им помогне претседателот Владимир Путин да се отстрани од власта.

Надежда се жалела дека затворскиот персонал ја злоупотребувавал, па е префрлена во друг затвор. Последен пат таа беше видена на 24-ти октомври.

Нејзиниот сопруг Петар Верзилов изјавил дека властите сакаат неговата жена да ги прекине сите контакти со надворешниот свет. Надежда двапати штрајкуваше со глад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top