Филаделфија 76 ги гази фаворитите на стартот од НБА-лигата, иако на тимот му предвидуваа дека ќе биде меѓу најслабите во најсилното кошаркарско натпреварување на планетата. Ноќеска тие го победија Чикаго со 107-104 и го прокнижија третиот триумф, откако поретходно беа подобри од шампионот Мајами и од Вашингтон.
Дебитантот Картер Вилијамс со 26 поени и 10 скока ја предводеше Филаделфија до успех против Булс, а подвигот е уште поголем, ако се знае дека „76-те“ губеа со 18 поени разлика во третиот период.
Без пораз е и Индијана, а Пејсерс овојпат беа подобри од Кливленд со 89-74.
Резултати: Филаделфија – Чикаго 107-104, Индијана – Кливленд 89-74, Њу Орлеанс – Шарлот 105-84, Далас – Мемфис 111-99, Милвоки – Торонто 90-97, Јута – Хјустон 93-104, Портланд – Сан Антонио 115-105, Голден стејт – Сакраменто 98-87.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


