| четврток, 6 декември 2018 |

Јове Кекеновски најавува кандидатура на претседателските избори

Идејата да се кандидира на претседателските избори наредната година професорот Јове Кекеновски ја најави уште во февруари годинава, а сега и официјално најавува дека ќе се кандидидира на партиската конвенција, на која ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере претседателскиот кандидат.
-Сметам дека со своите колумни, коментари и анализи за актуелните политички случувања во државата, но и пошироко, имам исклучително важна улога во одвивањето на политичките процеси во Република Македонија, но врв секако би била претседателската функција. И тоа функција на која јас би и дал сосема поинакви, помоќни и поавторитетни димензии. Нема да бидам нескромен доколку речам дека очекувам победа на конвенцијата, од причина што од сите кандидати кои сега се вртат во јавноста, јас ја имам најголемата поддршка кај членството на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Кекеновски за МКД.МК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top