| четврток, 6 декември 2018 |

По две години повторно се трча маратонот во Њујорк

Најпознатиот маратон на светот, кој минатата 2012 година беше откажан во последен момент по минувањето ан бурата Сенди, во недела повторно ќе се одржи со учество на 45 илјади тркачи и со значително засилени мерки на безбедноста поради терористичкиот напад од пролетта 2013 година на маратонот во Бостон.

Минатата година организаторите сторија сѐ за да биде одржана престижната маратонска трка долга 42,195 километри, но се откажаа, делумно и поради спротиставувањето на самите њујорчани од кои десетици илјади на самиот ден на одржувањето на маратонот сѐ уште беа без електрична енергија и ги залекуваа раните на градот од минувањето на ураганот Сенди кој остави зад себе речиси двесте мртви на источниот брег и десетици милијарди долари штета.
Организаторите доцна сфатија дека поаѓањето на натпреварувачите од стартот на Стејтен Ајленд неколку километри од тешки оштетените и урнати куќи, нема да остави добра слика за самото натпреварување. Несметајќи притоа дека маратонот цел ден ќе ги попречи во работата служите коишто им помагаа на настраданите.
Најавено е дека во недела на маратонот во Њујорк ќе трчаат кениецот мутаи, носител на титулата и мартин Леи, петкратен победник на големите светски маратони, како и Стефен Кипротич, светскиот и олимписки шампион од Уганда.
Меѓу натпреварувачките жестока бора за првото место се очекува да се води меѓу светската првенка Една Киплагат од Кенија, победничка на Њујоршкиот маратон од 2010 година, носителката олимпискиот сребрен медал Приска Џептоо од Кенија, годинешната победничка на маратонот во Лондон, и Етиопјанката Фирехивот Дадо, порано победничка во Њујорк.
По бомбашкиот напад од април годинава на маратонот во Бостон, со тројца убиени и 260 ранети, најголемите маратони ги заострија безбедносните мерки. Така организаторите во Њујорк соопштија дека не сакаат да воспостават „полициска држава”, но прегледот на торбите ќе бидат мноубројни и чести, благодарејќи на засиленото присуство на полицијата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top