| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка на „Мис модел на светот“ (ГАЛЕРИЈА)

На 25-тото јубилејно издание на изборот „Miss Model of the World“ кој овој месец ќе се одржува во Шенжен, Кина, Македонија ќе ја претставува манекенката и модел Емилија Розман.

21-годишната Емилија  е четврта година на студиите по Специјална едукација и рехабилитација, а покрај тоа што се занимава со манекенство е и активен волонтер во Црвениот крст веќе 11 години.

На македонската јавност веќе ѝ е позната по неколкуте успешни настапи и титулите „Мис Словенија“ за „Miss Gloube internacional 2009“, „Miss Body“ на „Miss Balkan“ и финалето на „Miss Mediteranean 2011“.

Заедно со останатите претставнички од целиот свет, и таа деновиве ќе замине во Кина каде ќе ги поминат следните 20 дена, сѐ до финалната вечер на изборот која ќе се одржи на 20-ти ноември.

Вечерва, пак, на финалето на интернационалниот избор за убавина „Мис Глоуб“ во Тирана, Албанија, Македонија ќе ја претставува Симона Станковска. Еве како досега се покажа таа таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top