Пејачката до неодамна скржаво го криеше својот приватен живот и опуштени фотографии од јавноста. На „Инстаграм“, каде до скоро беше потпишана под друго сосема обично име, сега конечно го отвори профилот за сите. Како што е тренд, и таа си направи „селфи“, фотографија од себе и нејзиниот паметен телефон, само што сѐ уште нема да ја вметнеме во категоријата на „најсамозаљубени македонски познати личности“.
– Да, лифтовите се за фоткање, со моето омилено „Стилисимо“ парче за оваа сезона – напиша под фотографијата омилената битолчанка на јавноста.
Пред само неколку дена, токму во креација на нејзината пријателка и стилист Цаци Паковска, токму вие ја изгласавте Каролина Гочева за најдобро облечена посетителка на изминатиот „Моден викенд“ во Скопје.
Ова беше нејзината конкуренција и резултатите од анкетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


