| четврток, 6 декември 2018 |

Хоспитализирани 700 жители од селото Лазарат

lazarat

Стотици лица, кои се занимаваат со одгледување на канабис во албанското селото Лазарат, побарле лекарска помош поради здравствени проблеми, објавија денеска тиранските медиуми.

Болницата во градот Ѓирокастро соопшти дека од јуни досега медицинска помош побарале вкупно 700 лица од Лазарат. Тие саделе, береле, обработувале и пакувале канабис во селото, во кое полицијата нема пристап.

– Во последните два месеца по седум-осум луѓе секојдневно доаѓаат во болница, а многу други пристигнуваа претходно со здравствени проблеми, изјавил докторот Хисни Лука.

Незаконската дејност се прошири во селото во двете децении од бурната транзиција во Албанија по смената на комунистичкиот режим. Лазарат се претвори во место на беззаконие во земјата, а производителите на канабис се толку дрски што и се спротивставуваат дури и на полицијата, која се обидува да се приближи до полињата.

Авионски снимки покажуваат дека околу 60 хектари во Лазарат се засадени со 300.000 растенија, кои можат да произведат 500 тони или половина од вкупното производство на канабис во Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top