| четврток, 6 декември 2018 |

Возач усмрти пешак и побегна близу Кавадарци

soobrakajka tetovo

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево во населбата Глишиќ на излезот од Кавадарци во правец кон Неготино.

– Еден пешак е починат, а возачот што го управувал возилото што го удрило избегал од местото. Во моментов се трага по него. На местото на несреќата увид врши полициска екипа, а во истрагата се вклучуваат и јавен обвинител и истражен судија. Засега не можеме да кажеме ништо во врска со идентитетот на починатото лице, изјави Анита Стојковска, портпарол во СВР Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top