| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ блеска во градот на светлината

Новак Ѓоковиќ блеска во Париз и попладнево прв стигна до полуфиналето на турнирот од мастерс-серијата што се игра во „Берси“. Лесно, со само 5 загубени игри, Србинот го совлада Станислас Вавринка и го чека подобриот од мегадуелот меѓу Роже Федерер и Хуан Мартин дел Потро.

Ѓоковиќ има шанса да се врати на првото место, но работите комплетно не зависат од него. Рафаел Надал, кој е лидер на листата на АТП, вечерва игра против Ришар Гаске и ако загуби, му го отвора патот на ривалот кон враќање на првата позиција.

Во последното четврт-финале Давид Ферер ќе игра против Томаш Бердих.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top