| четврток, 6 декември 2018 |

Грција демантира дека Василакис предложил Славјанско – албанска Македонија

grcija

Категорично демантираме. Нашите позиции се познати, сложено име со географска одредница пред Македонија, за сите употреби, односно ерга омнес, изјавил за „Канал 5“ портпаролот на грчкото МНР, Константинос Кутрас.

Портпаролот Кутрас вели дека позициите на Грција се непроменети, се оние добро познатите и истите оние кои Атина му ги има претставено на медијаторот.

Демантот доаѓа по вчерашната посета на Василакис на министерството, разговорите со Венизелос и прес-конференцијата што шефот на грчката дипломатија го добил од преговарачот за последната средба во Њујорк со медијаторот Нимиц. Детали не се откриваат за што точно станало збор.

Грчките новинари со кои разговараше „Канал 5“, со доза резерва и со неверување ја примија информацијата за наводниот предлог на Василакис, а единствено весникот „Етнос“ излезе со краток коментар во кој тврдеше дека славјанско-албанска Македонија не било конкретен предлог, туку било споменато на средбата со Нимиц во Атина, повеќе за да се објасни комплексноста на проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top