
Игор Џамбазов ги финишира подготовките пред вечерашниот голем концерт во салата Борис Трајковски. Се поставува сцената, се прават последните проби…
-Денешните подготовки се одвиваат во најдобар ред… Доколку сѐ уште не сте набавиле билети за концертот на Игор Џамбазов, останати се уште мала количина на билети за мобилните трибини, кои беа дополнително пуштени во продажба поради големиот интерес за седечки позиции и можете да ги набавите единствено на билетарницата во „ С.Ц.Борис Трајковски“, додека билетите за партер можете да ги набавите во продажната мрежа на „Мк тикетс“, билетарница „С.Ц. Борис Трајковски“, сите салони на „Оне“, „Офис плус“ и „Југотон“. Ве очекуваме подготвени – велат од прдукцијата „Горила“, организатор на концертот на мегапопуларниот Џамбазов.

Концертот ќе го отвори неговиот татко, маестро Александар Џамбазов. Игор низ смеа вели дека на Џамбаз Сениор му поставиле услови, сè само со цел да може и Игор Џамбазов да застане на сцена.
-Му поставивме услови. Ќе му одбројува часовник од 59 секунди наназад. Предизвик е тој да заврши со говорот пред да почнат последните десет секунди, кога ќе се вклучи и „аларм“ за да го извести дека е време да запре – се смее Игор во разговор за „Република“.
Погледнете го целиот разговор со Џамбазов на следниов линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


