| четврток, 6 декември 2018 |

Шестгодишен планинар ја освои Солунска глава

Шестгодишниот планинар Ване Бошев од Неготино член на Планинарското друштво „Антигонеа“ е и официјално најмладиот освојувач на врвот Солунска глава на надморска височина од 2.540 метри на планината Јакупица, пренесува regioni.mk

DSC04936-520x390

Ване заедно со далеку повозрасни и поискусни колеги деновиве успеа да се искачи на овој врв, покрај предходно освоените врвови Бел камен, Милкин врв, Пелистер, Маркова кула, Делчев врв и многу други.

Младиот планинар вели дека љубовта кон планинарењето и освојувањето врвови ја наследил од својот татко Орданчо и самиот планинар на друштвото„ Антигоена“. Животна желба на младиот Ване, се разбира доколку се создадат сите неопходни услови, е да се обиде да се искачи на Мон Блан, за отприлика три-четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top