НВО Коалицијата на Египќаните не се задоволни од остварувањето на нивните права. Тие од претседателот Ѓорге Иванов, побараа да им помогне на припадниците на овој автохтон етникум во насока на остварување на нивните уставно загарантирани права и слободи, особено во полето на нивна институционална интеграција, во полето на образованието, културата и севкупното живеење, за да се спречи нивното етапно, тивко асимилирање и претопување во други етникуми.
Демир Далип, предводник на ОПЕМ и овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка вели дека во март 2011 година, по барање на движењето ОПЕМ, Иванов се сретнал со делегација на Египќаните во Република Македонија. На средбата Иванов во детали бил информиран за загрижувачката состојба во која се наоѓаат Египќаните во земјава, како и за опасноста од нивно претопување и исчезнување од етничката карта во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


