Мекејлеб имаше уште една одлична партија, за нешто повеќе од 25 минути на паркетот постигнувајќи 14 поени, дополнети со пет асистенции, четири украдени топки и два скока. Најефикасен во победничкиот тим беше Богдановиќ со 23 постигнати поени.
Во поразениот состав на ЦСКА Владимир Мицов заврши со 20 поени, додека Американецот Хајнс постигна 17 поени.
Големо изненадување тимот на Нантер, совладувајќи ја фаворизираната Барселона на гости со 67-71. Францускиот тим одигра фантастично во последната четвртина, ја доби со 20-7 и стигна до значаен триумф.
Уникаха беше убедлива против Галатасарај (84-57), а Олимпијакос потешко од очекувањата славеше против Баерн Минхен (88-83).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.