Евентуалнна монополизација на производството на месо од големите капацитети во Македонија ги плаши помалите производители на месо. Во Штип побараа од надлежните државни институции измена на одредени делови од новиот Правилник за барањата во однос на квалитетот на мелено месо, подготовки од месо и негови производи.
Конкретно побараа усогласување на нормативите кон домашното производство и пласман на преработките од месо како ќебапи, колбаси и плескавици. Овој дел е најпрофитабилниот во процесот, кој од друга страна европските нормативи за квалитет го забрануваат. Доколку тоа не се случи, голем дел од индивидуалните месопроизводители, ќе мораат да прекинат со работа и да се најдат на списокот во Агенцијата за невработени.
На состанокот се промовира и идејата од неопходна изготовка на Стратегија за производство на месо во Македонија до 2020 година со цел, заштеда на сегашниот одлив од 25 милиони евра, сума што Македонија годишно ја троши за увоз на смрзнато свинско месо потребно за преработувачката индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


