Во сабота во Драч Албанија ќе се одржи финалето на изборот на Мис Глоуб 2013. Македонија ќе ја претставува 18 годишната студентка Симона Станковска од Скопје. Таа заедно со 50 девојки од светот веќе две недели е во Албанија каде се подготвува за големото финале.
Симона победи на изборот на Мис на Македонија за Мис Глоуб и со тоа се стекна со правото да ја претставува Македонија на овој силен интернационален избор на убавина кој по ранг е веднаш зад Мис на Светот и Мис на Универзумот.
Симона во Албанија не е сама. Со неа е цела екипа на Модното студио Црнокрак.
– Таа има целосна поддршка и помош од нас за на големото финале во недела да ја претстави Македонија најдобро што може. За време на целиот престој тука нејзиното однесув ање е навистина за пример, а тоа сигурно нема да помине незабележано од страна на организаторот и жири-комисијата чии челнови сѐ уште не се познати, но сигурно цело време се тука некаде и будно го следат секој чекор на девојките – вели Мики Црнокрак, сопственикот на модното студио Црнокрак, кој моментално е во Драч.
Црнокрак ја поседува лиценцата уште од 1996 година кога нашата држава во Истанбул ја претставуваше Светлана Црнокрак, тогаш Керазовска, која се пласираше меѓу десетте најубави девојки.

Најголем успех за Македонија на овој избор постигна Кристина Мицевска, која во 2010 година ја освои титулата Втора придружничка, а минатата година нашата претставничка Сандра Стефановска исто така се избори за влез во финалето и на крајот по вкупниот број поени беше шеста.
Симона на финалето ќе се претстави со креации од Елена Лука, а пред да тргне за Албанија имаше подготовки во салонот Биондина и со личниот тренер Саша Цветковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На мисицата и го ликвидираа мажот, од шок не може да зборува: Еве кај се наоѓа жената и ќерката на убиениот српски адвокат!
-
Жената Бик е најдобра, жената Јарец најубава, а дамата во овој знак фрла сѐ под нозете
-
Мисица брутално ликвидирана на улица (вознемирувачко видео)
-
После 17 години круната се враќа во Индија – Мануши Чилар е Мис на светот 2017


