Сафет Бишевац од СДСМ во Собранието ја праша министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за тоа кој ја изврши проценката за полициското обезбедување на протестот на новинарите за пресудата на Кежаровски.
Јанкуловска посочи дека протестот не бил најавен во матичната полициска станица и оти полицијата за него дознала по оперативен пат, но никому не му било ограничено правото на протест, ниту пак некој се пожалил на однесувањето на полициските службеници.
– Протестот не беше најавен во матичната полициска станица. Ние добивме информации по оперативен пат врз основа на она што се пишуваше на социјалните мрежи, на некои јавни изјави, врз основа на тоа колкава поддршка и од кого очекуваа поддршка оние кои за себе велеа дека ќе протестираат. Направивме соодветна проценка со која моравме да го осигураме јавниот ред и мир на просторот во близина на фонтаната Карпошово востание. Таму беше најавено дека протестот ќе биде мирен меѓутоа не издржаа поддржувачите на политичките партии, некои претставници на невладини организации, спонатано собрани граѓани и мал број на новинари, сепак, одлучија да го нарушат јавниот ред и мир, меѓутоа заради професионалната и присебна реакција на полицијата, полициските службеници, не дозволија да бидат доведени во ситуација нити да реагираат нити пак на некого да му биде ограничено кое било право, изјави Јанкуловски.
Министерката потенцира дека полицијата секогаш е должна да обезбеди јавен ред и мир.
-Не е наш приоритет да ги наполниме насловните страници диригирани од штабот на СДСМ и однапред напишаните текстови да ги легитимираме да се објават како што било одлучено на партиските тела на опозициските партии уште далеку пред настанот да се случи, рече Јанкуловска. Потврда за тоа дошло од, како што рече, етаблираните новинари кои во колумни кажаа зошто нема да учествуваат на протестот.
– Зашто знаеле дека Сафет Бишевац не е новинар, Сафет Бишевац е политичар, тој е во служба на СДСМ, но Сафет Бишевац е навикнат да работи во контролирана средина, впрочем тој беше еден од претходниците на контролираната А1, кој ја бранеше многу жестоко, бранејќи го сега веќе осудениот Велија Рамковски, рече Јанкуловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени


