Повеќето европски берзански индекси порасна поттикнати со порастот на цената на автомобилските и на финансиските акции, по охрабрувачките деловни резултати на компаниите во овие сектори.
Франкфуртски DAX порасна за 0,14 отсто, на 9.024 поени, а париски CAC се зголеми за 0,34 отсто, на 4.291 поени. Единствено лондонски FTSE беше во минус и тоа 0,37 отсто.
Европскиот индекс на автомобилскиот сектор порасна за 1,5 отсто, предводен со растот на цената на акцијата на финскиот производител на гуми Nokian Renkaat. Цената на акцијата на компанијата порасна за 5,8 отсто откако извести за подобра од очекуваната оперативна добивка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


