САД се во постојан контакт по прашањето на собирањето информации, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент, Џен Псаки. Изјавата на Псаки всушност беше коментар на медиумските извештаи за тоа дека во американската амбасада во грчката престолнина Атина бил формиран центар за прислушување, како и изјавата на поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос, дека порано „Грција шпионирала две американски амбасади”, во Атина и Анкара.
-Немам посебен коментар, освен што можам да кажам дека имаме постојан дијалог со Грција, вклучително и соработката во областа на разузнавањето. Се разбира, тоа ќе продолжи. Како што знаете, ние во моментов вршиме проверка при којашто ќе бидат разгледани сите тие прашања- рекла Псаки, којашто ја цитира грчкиот дневен весник Катимерини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


