| четврток, 6 декември 2018 |

Судски е поништена продажбата на „Дрисла“

дрислаПропадна проектот за модернизација на скопската депонија „Дрисла“ што требаше да го реализира италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“ како партнер на Градот Скопје. Вишиот управен суд информираше дека ја потврдил одлуката на Управниот суд со која продажбата е поништена. Како што се пренесува градоначалникот Коце Трајановски, Градот се’ уште не добил никаков официјален документ, па не сака ниту да прејудицира што и како понатаму.

Сега останува нејасно дали Градот ќе распише нов тендер за јавно-приватно партнерство за осовременување на депонијата, или, пак, проектот ќе го реализира германската компанија „Шолц“, која беше второрангирана на тендерот и која го бараше преиспитување на продажбата пред судските органи.

Советниците од опозициската СДСМ јавно прашаа колкав ќе биде финансискиот удар по градскиот буџет?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top