| четврток, 6 декември 2018 |

Обама со најнизок рејтинг во својата кариера

obama tazen

Според податоците на „Волстрит журнал“, претседателот Обама се соочува со пад на рејтингот до рекордно ниско ниво.

Како што се наведува во весникот, само 42 проценти од американскиот народ ја поддржуваат неговата политика, додека повеќе од 50 проценти се незадоволни од тоа како Обама ја извршува функцијата претседател. Во почетокот на октомври 47 проценти ја определиле како успешна, а на крајот на 2012 година – 52 проценти.

 

Бројот на анкетираните, кои дале негативна оценка за Обама, по првпат го надмина бројот на луѓе со позитивно мислење за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top