| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во Куманово ќе победиме!

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски присуствуваше на денешната промоција на кандидатот за градоначалник на партијата во Куманово, Зоран Ѓорѓиевски

Груевски на почетокот на своето излагање рече дека мора да го поправи кандидатот, затоа што, како што рече, изјавил дека верува во Куманово и знае дека ВМРО – ДПМНЕ може да победи.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победник во Куманово- рече претседателот на партијата.

Тој за Ѓорѓиевски рече дека е докажан човек во својата професија, докажан човек во местото каде што живее, човек почитуван, човек респектиран, човек што сите по добро го познаваат каде што живее.

Потенцираше дека на Куманово со вакви долгови, неплатени обврски, нерешени проблеми навистина му треба човек кој има искуство.

Напомена дека во програмата на овој кандидат за градоначалник има проекти кои што навистина ветуваат подобри денови. Најави дека она што треба и ќе биде карактеристично е не само тоа што ќе треба градоначалникот да се грижи за основните работи, тој ќе треба рамо да рамо со претставниците од Владата да бара инвеститори за нивната општина.

-Нам во Куманово ни треба партнер со кој што заеднички ќе се бориме да се привлечат повеќе инвестиции. Во сегашниот градоначалник не можевме да најдеме таков партнер. Но, во Зоран Ѓорѓиевски можеме да најдеме таков партнер- рече Груевски.

Претседателот на партијата се осврна и на планираните проекти.

Покрај отворањето на ТИРЗ зоната покрај автопатот Александар Македонски предвидена е и изградба на зелен пазар во населбата Гоце Делчев, предвидено е и да се направи откупно-дистрибутивен центар за земјоделските производи, како и изградба на спортски сали, игралишта, инфраструктура.

-Тоа се проекти за кои што вреди Куманово да размисли и по подолго време да даде шанса на човек. Да видат како се работи- рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top