| четврток, 6 декември 2018 |

Почина познатиот српски актер Јанош Тот

janos tot

Почина српскиот актер Јанош Тот. Педесет и двегодишниот Тот ја загуби битката со тешката болест. Според српските медиуми, починал денеска околу 11 часот.

Тој е роден во Вршац на 16 јуни 1961 година. Студирал глума на Академијата во Нови Сад во класата на Дејан Мијаќ. Кариерата ја почна во Српскиот народен театар, а зад него остави бројни театарски, филмски и телевизиски улоги.

Беше член на театарот на Теразија од 1990 година. Беше дел од претставите: „Ноќта на лудаците на Господската улица“, „Зимски дворец“, „Кукла од насловна страна“, „Јубилеј“, „Парадокс“, „Бакни ме Кејт“, „Алан Форд“, „Мир“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“ и многу други.

Тот оствари и улоги во познатите ТВ серии и во филмови: „Семејно богатство“, „Среќни луѓе“, „Монтевидео“ и други.

Датумот и времето за комеморација и погреб дополнително ќе бидат објавени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top