| четврток, 6 декември 2018 |

Локомотивата на Калиопи тргна од Калиопино (ФОТО)

Помеѓу кратката пауза од нејзината балканска турнеја, Калиопи деновиве се врати во Македонија, а вчера го снимаше и својот нов видеоспот за песната „Локомотива“, со кој симболично го означи почетокот на турнејата. Видеото се снимаше на железничка станица „Рајко Жинзифов“, која за потребите на видеоспотот беше преименувана во „Калиопино.

„Локомотива“ е авторско дело на Ромео Грил, режисер е младиот Огнен Шапковски, а шминката ја работеше Маја Саздановска. Видеоспотот ќе биде пуштен за неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top