| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ без поени за 8 минути игра во НБА-дебито за Атланта

Перо Антиќ одигра точно 7 минути и 49 секунди во дебито во НБА, а неговиот тим Атланта хоукс загуби со 109-118 против Далас на гости. Антиќ е првиот Македонец што воопшто стапнал на терените во најсилната кошаркарска лига на светот, а синоќа сефте направи во арената „Американ ерлајнс“ во Далас.

Антиќ имаше само еден обид  и тоа за тројка, но не погоди, а забележа два скока. Џеф Тиг со 24 поени и Пол Милсап со 20 беа најефикасни кај Хоукс, а најзабележителен поединец на мечот беше Монта Елис од Далас со 32 поени. Дирк Новиски уфрли 24 поени, Винс Картер постигна 21 поен, а Хозе Калдерон имаше 11 асистенции кај Маверикс.

Задутре Атланта го игра првиот меч пред своја публика, а противник ќе им биде Торонто репторс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top