Директорот на РТС, Александар Тијаниќ, оставил интервју како тестамент во неделникот НИН, каде што пишувал со децении. Во интервјуто, покрај барањето да се објави откако ќе умре, изјави дека не би сакал српското новинарство да го памети.
– Јас длабоко ја презирам професијата со која се занимавам. Новинарство, тоа е слој на робови. Не знам ни сам што барам во новинарството веќе четири децении. Кога сѐ ќе соберам, има десет текстови кои можат да го изразат тоа што мислам дека сум јас. Само десет од илјадници текстови кои сум ги напишал – рекол Тијаниќ.
– Се ку*чам за луѓето да не го видат мојот страв. Да не ме презираат поради тој кукавичлук. Затоа се правам храбар во ситуации кои се лудачки. Списокот на моите непријатели е „кој од кој во Србија од најмоќните луѓе“. За да преживеам од тие непријатели, морам да бидам ѕвонар на Богородичната црква – грд, грбав, никаков. Но, да ѕвонам многу далеку – заклучува Тијаниќ.
Александар Тијаниќ беше еден од најпознатите новинари во регионот, а од 2004 година ја вршеше функцијата генерален директор на РТС. Кариерата ја почна во неделникот НИН. Почина во понеделникот од срцев удар на 64-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.