| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Александар Тијаниќ-доајенот на новинарството во регионов

Денеска, во 64. година од животот почина долгогодишниот директор на РТС, Александар Тијаниќ. Неговото тело било пранајдено пред зградата „Црвенкапа“ на булеварот „Михајло Пупин“ во Белград.

Тој беше еден од најпознатите новинари во регионот. Работеше во пишаните медиуми, во некои од нив беше и уредник, како „Граѓанин“ и „Европјанин“.

Водеше бројни политички емисии на БК ТВ и РТС, каде беше и директор.

Беше министер за информации во владата на Марковиќ од 1996 до 1998 година.

Од 2004. година стана директор на РТС, а последното негово појавување во јавноста беше на 23. октомври во јавна расправа за електронските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top