| четврток, 6 декември 2018 |

Внук на Талат Џафери ќе оди во мировна мисија без преглед и обука?

talat

Кога се правеа лекарските прегледи, Ќемал Џафери беше на школување во Германија и се врати пред пет дена. Покрај тоа што не ги помина ни обуката ни прегледите, како капетан од Баталјонот за воздушно набљудување во следните шест месеци ќе ја извршува должноста офицер за логистика, што е нон сенс. За да го испратат него, избришаа офицер кој ги помина прегледите и обуката, пишува Вечер.

Според изворите на весникот, министерот за одбрана Талат Џафери и натаму е главниот креатор на списоците за испраќање војници во мировните мисии. Последниот скандал е направен со списокот на медицинскиот тим од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина кој деновите треба да замине за Сараево. Во последен момент, министерот Џафери лично го допишал името на капетанот Ќемал Џафери, кој ниту ги поминал задолжителните прегледи и обуката ниту пак, одговара на местото за кое е испратен.
– Скандал невиден! Против сите војнички правила и прописи! Кога се правеа лекарските прегледи, Кемал Џафери беше на школување во Германија и се врати пред пет дена, на 25 октомври. Покрај тоа што не ги помина ни обуката ни прегледите како капетан од Баталјонот за воздушно набљудување во следните шест месеци ќе ја извршува должноста офицер за логистика, што е нон сенс. За да го испратат него, избришаа офицер кој ги помина прегледите и обуката, тврдат изворите на Вечер.

Тие појаснуваат дека капетанот Џафери е од гостиварско Форино, местото на живеење на министерот и со оглед на тоа што носат исто презиме се сомневаат дека е негов близок роднина, односно дека му е внук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top