Најдобриот тенисер на сите времиња швајцарецот Роже Федерер победи во второто коло на мастерс турнирот во Париз кој се игра во супермодерната сала Берси. Тој го совлада јужноафриканецот Кевин Андерсон со 2-0 (6-4, 6-4). Во првиот сет Со оваа победа Федерер ги освои потребните поени за завршниот мастерс турнир во Лондон во О2 арената каде ќе учествуваат најдобрите осум тенисери во оваа сезона.
Во третото коло популарниот „Федекс“ ќе се сретне со германецот Филип Колшрајбер кој претходно го победи сонародникот Томи Хас полесно од очекувањата со 2-0 (6-2, 6-2).
Во останатите натпревари: Ферер-Росол 2-1, Симон-Маху 2-1, Вавринка-Лопез 2-1. Дел Потро-Чилиќ 2-0, Надал-Грањолерс 2-0, Димитров-Фоњини 2-1, Бердих-Андухар 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.