| четврток, 6 декември 2018 |

Млад битолчанец починал откако примил инфузија

infuzijaНа инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, лицето П. С. (29) почина кратко време откако примил инфузија, информираат од Министерството за внатрешни работи – објави Телеграф.

Според податоците на полицијата, случајот бил пријавен денеска околу 14 часот во СВР Битола како смрт што настанала по примање инфузија. Момчето од селото Кравари било хоспитализирано на 20-ти овој месец. Истражен судија наредил обдукција за утврдување на смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top