| четврток, 6 декември 2018 |

„Форбс“ : Владимир Путин е највлијателната личност во светот во 2013 година

putin

Рускиот претседател Владимир Путин ја предводи овогодишната листа на највлијателни личности во светот на американското списание „Форбс“, јави ИТАР-ТАСС.

На второ место е претседателот на САД, Барак Обама, кој минатата година беше на лидер на листата, а трет е шефот на кинеската држава Кси Џинпинг.

На четврто место се најде папата Франциско, а на петто германската канцеларка Ангела Меркел.

На листата се вклучени вкупно 72 лица – политичари, јавни личности и директори на корпорации.

„Форбс“ во 2009 година почна со објавување на годишни листи на највлијателни личности во светот. Во изминативе години листите трипати ги предводеше Барак Обама, а само во 2010 година на првото место беше тогашниот претседател на Кина, Ху Џинтао.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top