
Имено, по завршувањето на мечот помеѓу Арсенал и Челзи, кој го добија „сините“ со 2:0 во рамките од осминафиналето од Лига купот, Жозе Мурињо му го побарал дресот на Месут Озил.

Германецот секако со задоволство му го подарил, а треба да биде и среќен бидејќи Португалецот ретко искажува симпатии кон некој фудбалер.

Двајцата три години соработуваа во Реал Мадрид, а секако дека овој потег на Мурињо може да се протолкува како најдобар комплимент кој некогаш Месут Озил го добил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


