ЈСП ја спроведува двојазичноста во автобусите. Таблите на постојките и електронските дисплеи во автобусите се пишуваат и на македонски и на албански. Овој зафат се прави по усвојување на одлуката од Совет на град Скопје според Законот за употреба на јазиците.
Според динамиката, двојазичноста прво ќе биде спроведена во украинските, а потоа во двокатните возила. За некои дисплеи ќе се побара помош и од производителите, за репрограмирање на софтверите. На надворешните табли на постојките ќе биде застапен и англискиот јазик, но за него нема место на електронските дисплеи внатре во возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.