| четврток, 6 декември 2018 |

Молдавска танчерка се сексала со капетанот на „Коста Конкордија“ додека бродот тонел

Молдавска танчерка, која патувала без билет на бродот „Коста Конкордија“, што потона минатата година, во сведочењето во судскиот процес против капетанот на бродот призна дека била негова љубовница.

Domnica Cemortan

Доминика Чемортан

Домника Чемортан изјави дека таа се качила на бродот неколку часови пред да се случи несреќата во близина на брегот на италијанскиот остров Џилио. Во време на несреќата таа била на мостот на бродот задно со капетанот.
Таа раскажала и дека работела на истиот брод три недели, до декември 2011 година.

Првично Чемортан не сакала да одговори на прашањето дали имала љубовна врска со капетанот Франческо Скетино, но кога и било објаснето дека може да биде обвинета за одбивање да сведочи, таа признала дека била негова љубовница.

Во бродоломот во јануари 2012 година загинаа 32 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top