„Нема дел од Мали кој смее да не биде под контролата на легитимните власти”, порача францускиот претседател Оланд од Тимбукту. „Од 11-ти јануари направивме многу работи, но тие уште не се довршени. Ќе бидат потребни уште неколку седмици, а нашата цел е да ја предадеме палката на африканските држави”, пренесува Франпрес.
Малискиот претседател Диокунда Траоре им се заблагодарил на француските војници на ефикасноста и професионалноста. „Тие ни овозможија да се ослободи населението од северно Мали коешто живееше под повеќемесечно варварство”, додал Траоре.
Францускиот претседател во Тимбукту е дочекан многу срдечно, илјадници луѓе се собрале на главниот плоштад за да му се заблагодарат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.